Агенцијата за цивилно воздухопловство доби ИСО 9001:2008 сертификат (Систем за управување со квалитет). Директорот на АЦВ, Дејан Мојсоски вели дека добивањето на ИСО-сертификатот за управување со квалитет, претставува уште една потврда за долгогодишната заложба на Агенцијата од македонското воздухопловство да се направи современ европски систем на брз, ефикасен и безбеден авиотранспорт достапен до сите граѓани. Овој сертификат за нас, како регулаторно тело кое се стреми да го достигне квалитетот и ефикасноста на подигнувањето на перформансите во македонското воздухопловство, значи многу. Со зголемувањето на комуникацијата меѓу раководството и вработените, примената на најдобрите практики од поразвиените земји, но и усогласувањето на домашната со европската регулатива, ќе ги зголеми нивото на задоволство на корисниците на услугите, но и ќе ја засили и довербата кон нашите услуги, и се разбира, она што е мошне значајно за секоја компанија, ќе овозможи поекономично работење.
Агенцијата за цивилно воздухопловство доби ИСО 9001:2008 сертификат (Систем за управување со квалитет). Директорот на АЦВ, Дејан Мојсоски вели дека добивањето на ИСО-сертификатот за управување со квалитет, претставува уште една потврда за долгогодишната заложба на Агенцијата од македонското воздухопловство да се направи современ европски систем на брз, ефикасен и безбеден авиотранспорт достапен до сите граѓани.
- Овој сертификат за нас, како регулаторно тело кое се стреми да го достигне квалитетот и ефикасноста на подигнувањето на перформансите во македонското воздухопловство, значи многу. Со зголемувањето на комуникацијата меѓу раководството и вработените, примената на најдобрите практики од поразвиените земји, но и усогласувањето на домашната со европската регулатива, ќе ги зголеми нивото на задоволство на корисниците на услугите, но и ќе ја засили и довербата кон нашите услуги, и се разбира, она што е мошне значајно за секоја компанија, ќе овозможи поекономично работење - рече Мојсоски на примањето на сертификатот.
АЦВ-сертификатот го доби од австриската сертификационо тело ТУВ аустриа церт гмбх. Процесот на сертификација траеше 10 месеци, беше спроведен во три фази и чинеше од 5 до 6 илјади евра.
- Добивањето на сертификатот ИСО 9001:2008, значи градење на добар имиџ на Агенцијата за цивилно воздухопловство, особено имајќи ја предвид Агенцијата како регулатор на активностите во воздушниот транспорт, со што ќе се постигне сигурен, ефикасен и безбеден воздушен сообраќај - нагласи Дејан Лазаров од претставништвото на ТУВ во Скопје.
Директор Мојсоски најави дека на 25 овој месец АЦВ почнува преговори за склучување на меморандум за соработка со Саудиска Арабија, а во тек се разговори со Малта, Канада и Бразил.
- Се надевам дека пред почетокот на летната сезона ќе добиеме апликација од нови авиокомпании што би сакале да летаат до Македонија. Исто така, авиокомпаниите "ФлајДубаи" побараа со летниот ред на летање да добијат дополнителни две фреквенции, како и нискотарифната "Виз ер" со барање за обавување летови од Скопје до Дубаи. Двете барања ги разгледуваме и наскоро ќе ги одобриме - вели Мојсоски.